• Горан Упале
Горазд Михајлов со победа ја започна својата ера во Брера. Искусниот македонски стратег ја предводеше својата екипа до победа над Беса од 3-2, во натпревар во кој струмичани за малку не направија од готово-вересија. Беса со блиц-криг дојде до 3-2, но потоа прими два гола и трепереше до последниот судиски свиреж.
„Честитки за играчите, многу важна победа за нас, со оглед на тоа дека ова беше мој прв натпревар на клупата на Брера. Беса се покажа како незгоден противник. Тоа го видовме во првото полувреме, а потоа во второто променивме нешто и тоа вроди со плод.
Но, за малку ќе направевме од готово- вересија, примивме два гола од прекин. Сепак, добро е што бодовите останаа на нашето конто. Треба да поработиме на грешките кои ги направивме, но во целина сум задоволен од одиграната партија на момците“, рече новиот стратег на Брера.
Со оваа победа Брера скокна на шестата позиција на табелата, а во следното коло гостува во Скопје кај Работнички.