• Горан Упале
Македонскиот фудбалски стратег Горазд Михајлов има нов предизвик во својата кариера, откако официјално ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб на литванскиот клуб Ритериаи. За Михајлов ова претставува уште едно интернационално искуство и можност да остави белег во уште една европска средина, по ангажманите што ги имаше во изминатите години.
Зад себе има богата тренерска биографија и значајно искуство на клупско ниво. Како главен тренер ги предводеше Охрид, Пелистер, Тетекс, Беса, Брера, Вардар, Силекс, Борец и Ал-Дафра, додека како асистент работеше во стручните штабови на Хата, Ал-Кадсија, Рудар и неколку други клубови, стекнувајќи дополнително знаење и меѓународна пракса.
Неговиот нов клуб Ритериаи ја заврши минатата сезона на деветтата позиција од вкупно десет екипи во првенството, што јасно укажува на потребата од резултатски исчекор и стабилизација. Во националниот куп тимот беше елиминиран уште во втората рунда, па пред Михајлов стои сериозна задача да ја подигне формата и конкурентноста на составот во претстојниот период.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
