• Иван Димовски
Фудбалерите на Брера Струмица во рамките на петтото коло од ПМФЛ ќе ја дочекаат Беса 1976.
Овој натпревар ќе биде деби за новиот предводник на тимот Горазд Михајлов. Тој нешто повеќе од една седмица работи со тимот, ги запозна фудбалерите и се подготвува да ја поведе Брера кон победата.
„Седум осум дена сум екипата, имам слика за ситуацијата бидејќи ги познавав играчите уште пред да дојдам. Нормално дека ќе има измени во тимот, сето тоа во интерес да одиме до посакуваната цел, а тоа се трите бода против Беса. Нема да биде лесно, играме против една екипа која има доста квалитетни играчи. Имаат тренер кој бил тука во минатото и ја познава средината, а фудбалерите освојувале титули и ја познаваат лигата.
Атмосферата во тимот е на високо ниво. Сите се мотивирани, кој и да истрча на теренот ќе даде максимум. Верувам дека со поддршка од публиката ќе дојдеме до бодовите кои многу би ни значеле во понатамошниот дел од првенството“, изјави Михајлов.
На стартот на сезоната Брера го победи само Вардар, а потоа нанижа три порази и тоа ја натера управата на промени.