ФОТО: Михајлов ги подели првите совети, Беса ги започна зимските подготовки 

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Беса, е пред сериозен испит во пролетниот дел од шампионатот. Тимот од Добри Дол на полусезона е во „црвената“ зона и во следниот период ќе мора да ги подобри своите игри и резултати, доколку сака да остане во мак-елитата и следната сезона.

За таа цел да се оствари, раководството на клубот донесе нов стратег и Беса под палката на Горазд Михајлов ги започна подготовките за пролетниот шампионат. Искусниот стратег денес во Гостивар ги подели првите совети на новите фудбалери и им го претстави планот на работа во следниот период. Досега тимот го напуштија петмина фудбалери, а наскоро се очекува да бидат официјализирани новите засилувања.

Тимот од Добри Дол ја комплетираше есенската полусезона со само 13 бода и ја зазема првата позиција во опасната зона, а следен предизвик во првенството ќе биде гостувањето кај Воска Спорт на 16 февруари.