Михајлов: Чувството е убаво кога ќе се победи со 4-0, но не беше лесно

Екипата на Брера полесно од очекуваното славеше над Пелистер со 4-0, во рамки од осмата рунда во Првата македонска фудбалска лига. 

Струмичани ја искористија бројчаната предност по раниот црвен картон на Ристевски и впишаа важни бодови на своето конто.

„Добивме натпревар кој психолошки многу влијаеше на нас. Задоволен сум од играта на фудбалерите. Чувството е убаво кога ќе се победи со 4-0. Но, ќе напоменам дека не беше така лесно. Започнавме во грч, но можеби олеснителна околност ни беше раниот црвен картон на противникот. Без разлика на сè да постигнеш четири гола на еден натпревар е убаво чувство, како за мене така и за играчите. Навистина беше тешко да се играат пет натпревари за нешто повеќе од две седмици, сега имаме неколку послободни дена во кои ќе треба да се вратиме во нормала“, рече искусниот стратег на Брера, Горазд Михајлов.

Во следното коло Брера гостува на „Чаир“ кај Шкyпи, кој денес беше поразен од Работнички.