Михаилов од Академија Пандев на едногодишна позајмица во Осогово

Новиот член во Втората македонска фудбалска лига (ФМФЛ), ГФК Осогово, донесе ново засилување на средината на теренот. 

21-годишниот играч за врска, Филип Михаилов од редовите на Академија Пандев доаѓа во Кочани на едногодишна позајмица. Михаилов ги има поминато сите младински категории на струмичкиот тим, а веќе две сезони е дел од првата екипа.

Иако е релативно млад играч, Филип има зад себе завидно прволигашко искуство и треба да претставува големо засилување за нашиот тим.

Во следните два до три дена кон ГФК Осогово би можело да пристапат уште неколку нови имиња со кои ќе се затвори ростерот на екипата.