ВИДЕО: Михаила ѝ се закани на Македонија со маестрален ЕВРОГОЛ на тренинг

Михаила

Македонската репрезентација ќе се сретне со Романија, на стартот од квалификациите за Светското првенство 2022.

Нашиот противник ги започна подготовките за овој натпревар. Квалитетите ги покажа на последната тренинг сесија, на која се истакна младиот Валентин Михаила.

21-годишникот испрати предупредување до Македонија со ремек-делото од далечина, кое беше споделено на официјалната страница на романската федерација.

Изјавите на Романците за дуелот со нашиот национален тим се оптимистички. Тие веруваат дека домашниот терен и разликата во квалитет ќе бидат клучни на оваа средба во Букурешт.