Мичковски: Против Росоман сакаме да им се вратиме на победите

По минималниот пораз од Осогово во претходното коло фудбалерите на Кит-Го против Росоман посакуваат да им се вратат на победите во ВМФЛ-Исток. 

Офанзивецот Тони Мичковски е оптимистички расположен пред овој дуел во 12. коло од Втората лига - Исток, кој се игра во Пехчево.

„По поразот од Осогово во минатото коло нè очекува дуел против Росоман на домашен терен. Противник кој ниту најмалку не смееме да го потцениме. Но, очекуваме добра игра и максимален ангажман на секој поединец во тимот. Сакаме да се вратиме на победите, па желбата е секако трите бода да останат во Пехчево. Секој бод е значаен низ шампионатот и затоа од коло до коло со максимален ангажман и тимска игра очекуваме позитивни резултати“, вели Мичковски.

Марјан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот а ќе му помагаат сограѓаните Саше Тошевски и Мервин Топојани.