• Симеончо Стоиков

Екипата на Шкупи остана без услугите на еден од своите најдобри фудбалери, младиот 22-годишен дефанзивец Мевљан Адили, кој го напушти клубот од Чаир и денес потпиша за екипата на УТА Арад од Романија.
Договорот на Адили со романскиот второлигаш е потпишан на две и пол години, а по официјализирањето на соработката нашиот интернационалец истакна дека е задоволен од реализираниот трансфер.
„Многу сум среќен што дојдов до УТА Арад, како и задоволен од условите кои ги добив тука. Сакам да се промовирам, секогаш ќе го давам максимумот од мене, како што имам обичај тоа да го правам скоро во секој натпревар“, изјави Адили.
Новиот клуб на Адили, УТА Арад моментално се наоѓа на второто место во Втората лига на Романија со 39 бода, и има амбиции за влез во најсилната романска лига од идната сезона. Адили во минатото, покрај за Шкупи, има играно и за Шкендија и Албарса.