ВИДЕО: Метју Ликји погоди за минималец на Австралија против Грција

Репрезентацијата на Австралија ја победи Грција со 1-0 (0-0) во контролен меч одигран во Мелбурн. Стрелец на победничкиот гол за „кенгурите““ беше Метју Ликји во судиското надополнување. Тој скокна и со глава на прва статива ја закова топкат во грчката мрежа.

Грците долго време беа рамноправни, создадоа и повеќе шанси за гол, но ги стигна уморот и топлото време и во финишот примија гол.

Грција не се квалификува за ЕП во Франција, а Австралија се подготвува за фудбалскиот турнир на ЛОИ во Рио де Жанеиро.