ВИДЕО: Месиас го „смрзна“ Атлетико, Милан остана жив во ЛШ!

Диего Симеоне и Атлетико Мадрид не успеаја да ја остварат зацртаната цел против Милан и си го компликуваа своето учество во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Италијанскиот гигант со голема победа се враќа од Шпанија и остана жив во групата Б од европската елита. Мадриѓани долго време ја умртвуваа играта на гостите и не дозволуваа Облак да биде ставен на маки, но во самиот финиш по еден прекрасен центаршут на Кеси, нововлезениот Жуниор Месиас со глава ја погоди целта и донесе важни три бода за својот тим.

  • Атлетико Мадрид - Милан 0-1:

По деведесетте минути против Фиорентина и двата гола во поразот од 4-3, вечерва Златан Ибрахимовиќ остана на клупата на „Ванда Метрополитано“, па така шанса во нападот добија Жиру, Брахим Диаз и Салемакерс. На спротивната страна пак, Симеоне се реши 3-5-2 формација, со Гризман и Суарез како најистурени во нападот. 

Поради важноста на натпреварот, двете екипи започнаа доста претпазливо, Атлетико, иако домаќин тргна нешто позатворено и со чести прекини на средината на теренот не дозволуваше Милан да се разигра, па првиот дел донесе само едно возбудување. По една одлична тимска акција левиот бек на италијанскиот гигант, Тео Ернандез налета на еден центаршут и биеше од прва, но неговиот удар заврши над голот на Облак. 

За разлика од сиромашното прво полувреме, почетокот на второто донесе две изгледни шанси пред двата гола. Прв се закани Салемакерс од полудесно, додека на спротивната страна Лемар биеше млако и само во рацете на добропоставениот Татарушану. Стефано Пиоли свесен дека момците на теренот не можат да го разбијат бедемот на Шпанците, во 65. минута направи четири замени, и во игра во внесе Ибрахимовиќ на местото на Жиру, кој се повреди.

Промените веднаш донесоа нешто поактивна игра на миланезите, па Бакајоко и Тео Хернандез имаа колосални шанси за водство, но иако имаа изгледни позиции не успеаја да го најдат вистинскиот пат. Но, кога се очекуваше дека Атлетико се одбрани и ќе грабне значаен бод, во 87. минута по една одлична тимска акција, Кеси го пронајде Месиас, а овој од непосредна близина го матира Облак и го остави во игра Милан за осминафинале.

Англискиот гигант Ливерпул не попушти ниту по четирите врзани победи и одново впиша три бода во групата Б, откако пред својата публика со два гола во вториот дел славеше над Порто со 2-0. По мирниот прв дел и поништениот погодок на Мане во 35. минута, во вториот Тиаго Алкантара со мајсторски погодок од далечина доби овации од трибините, а точка на натпреварот стави Салах во 70. минута. Во пресрет на последното коло Ливерпул со 15 бода е лидер на табелата, второто место сега е Порто со пет, додека Милан и Атлетико Мадрид имаат по четири бода. 

  • Ливерпул - Порто 2-0:

По петтата победа од исто толку натпревари, Ајакс ја потврди лидерската позиција на табелата во групата Ц, во која вечерва се дозна и вториот патник во осминафиналето. Екипата на Спортинг во Лисабон славеше со убедливи 3-1 над Борусија Дортмунд и благодарение на подобриот меѓусебен скор, го остави германскиот тим без шанси за европска пролет во елитата.

  • Спортинг Лисабон - Борусија Дортмунд 3-1

Големата победа на португалскиот шампион ја обезбедија Педро Гонкалвеш со два гола во период од девет минути (30. и 39. минута) и Поро во самиот финиш од мечот. Почесниот погодок за „милионерите“ го постигна Холанѓанецот Мален во 93. минута.

Состави

Диего Симеоне

5-3-2

    Стефано Пиоли

    4-3-3