Меси застана во одбрана на Валверде: Имаме голема доверба во него, ќе бидеме подобри...

Екипата на Барселона синоќа забележа елиминација од Суперкупот на Шпанија, откако во второто полуфинале со 3-2 загуби од големиот ривал Атлетико Мадрид. 

Ова беше првпат како Атлетико на Симеоне постигнува три гола против Каталонците, а по мечот Ернесто Вавлерде беше мета на критики и повторно се активираа шпекулациите за негово заминување. На вакво прашање мораше да одговара и Лионел Меси, кој застана во одбрана на својот тренер. 

„Валверде? Имаме голема доверба во него. Ќе продолжиме да работиме напорно за да бидеме подобри. Имавме фантастични натпревари, но не успевавме да победиме. Тимот има на што да работи.

Критика? Луѓето гледаат дека не играме како што посакуваме. Но, мораме да веруваме во себе доколку сакаме да бележиме успеси“, рече Меси. 

Во големото финале, Атлетико Мадрид ќе се сретне со градскиот ривал Реал Мадрид, натпревар кој е закажан за на 12 јануари со почеток од 19:00 часот.