ВИДЕО: Меси во драматичен плач и со потечен зглоб ја заврши последната Копа Америка

Ретко кога на фудбалскиот терен може да се види Лионел Меси облеан во солзи од болка и емотивно празнење. Токму тоа се случи на веројатно неговиот последен натпревар на Копа Америка. Во финалето во Мајами, Аргентина ја освои титулата со победата над Колумбија со 1-0, а натпреварот на Меси траеше 66 минути.

Моментот по кој ќе се памети ова здодевно финале се случи кон средината на вториот дел. Меси побара замена и драматично заплака на клупата, откако потече неговиот зглоб од ногата. Во текот на целиот натпревар трпеше стартови на колумбиските фудбалери.

Потоа заедно со соиграчите се радуваше на победата и шеснаесеттата титула. 

Состави

Лионел Скалони

4-4-2

    Nestor Gabriel Lorenzo

    4-2-3-1