ВИДЕО: Меси во 92. минута од пенал ја спаси Аргентина против Уругвај!

Репрезентацијата на Аргентина во самиот финиш се спаси во дуелот со Уругвај (2-2), пријателски натпревар кој се играше на неутрален терен и кој понуди возбудувања, голема борба и тензија меѓу играчите.

  • Извештај од натпреварот: 

Уругвај беше на прагот за првпат да ги победи „гаучосите“ по 2013 година, меѓутоа, во самиот финиш по мало невнимание падна пенал, кој во гол го претвори најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси.

Меси стрелаше во 91. минута, кога чекаше прво Кампања да ја избере страната и да го измами. Претходно, за Аргентина погоди Серхио Агуеро во 63. минута по асистенција на Меси, додека за Уругвај стрелци беа лидерите во нападот Луис Суарез и Единсон Кавани.

Средбата ја одбележа и вербалната кавга меѓу Меси и Кавани, а за истата да не се развие во поголем инцидент помогна Луис Суарез.

Состави

Лионел Скалони

4-3-3

    Oscar Tabarez

    4-1-4-1