• Саше Љолес
Лионел Меси уште една покажа зошто е најдобар фудбалер на сите времиња и повторно придонесе со неверојатен учинок за победата на неговата Аргентина против Боливија со огромни 6-0.
Ѕвездата на Интер Мајами постигна хет-трик и запиша две асистенции, со што само дополнително го потврди својот статус на божество во родната земја. Аргентина остана лидер во мундијалските квалификации, а Меси по мечот искрено им се заблагодари на сите вистински навивачи за поддршката и љубовта.
„Уживам во овие моменти, не знам што друго да речам. Се чувствувам како мало радосно дете. Ги остварив сите најголеми соништа со репрезентацијата и не сакам лесно да се откажам од оваа бајка, особено додека можам да пружам вакви партии.
Немам одредено датум на пензионирање, ќе оставам времето да ми покаже каде да се движам. Додека сум во добра форма, ќе помогнам со моето присуство секогаш кога ќе биде потребно. Сега уживам најмногу, зашто знам дека секој момент може да биде и последен“, изјави Меси.
Аргентина е првопласирана во јужноамериканските квалификации со 22 бода, а во ноември ја очекуваат два меча против Парагвај и Перу.