• Мартин Танасковски
Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси повторно се запиша во историјата, овој пат во американската МЛС-лига. Осумкратниот освојувач на Златната топка блесна на натпреварот во кој неговиот Интер Мајами убедливо ја совлада Атланта Јунајтед со 4-0, постигна два погодока и притоа урна долгогодишен рекорд кој му припаѓаше на шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ.
Со оваа партија, Меси ја запиша својата деветта партија во која постигнал повеќе од еден погодок во една сезона, што е најмногу во историјата на лигата. Претходниот рекорд беше во сопственост на Ибрахимовиќ, кој тоа го направи во сезоната 2019 со дресот на ЛА Галакси.
Со двата гола против Атланта, капитенот на Интер Мајами стигна до бројката од 26 погодоци во тековната сезона и се зацврсти на врвот на листата на стрелци. Неговиот најблизок конкурент, Денис Буанга од Лос Анџелес, заостанува со два гола, што Меси го прави водечки фаворит за Златната копачка и за наградата за најкорисен играч (МВП) на сезоната.
Доколку ја освои оваа титула повторно, ќе стане првиот играч во историјата на МЛС кој успеал да ја одбрани таа награда две години по ред.


