• Иван Димовски
Интер Мајами по два меча се врати на победите во МЛС лигата, откако славеше убедливо против Њу Ингланд со високи 4-1.
Овој натпревар го одбележа Лионел Меси кој не постигна погодок, ама беше дури троен асистент. Исто така одлични беа и Аленде и Алба кои ги постигнаа четирите погодоци (по два).
Меси ги намести двата гола на Аленде во 32. и 60. минута, а во меѓувреме му асистира и на Алба во финишот на првиот дел. Гостите во еден момент успеаја да се вратат во игра со голот на Тургеман за 2-1, меѓутоа само минута подоцна Интер пак даде гол.
На крајот со сигурна победа Интер Мајами стигна на третото место во Источнат аконференција со три бода помалку од Синсинати, а седум од лидерот Филаделфија кои имаат по меч повеќе.




