Меси спремен за Парагвај и Перу, Скалони не го повика Дибала

Најдобриот фудбалер на светскиот шампион Аргентина, Лионел Меси се најде на списокот на селекторот на Скалони, кој објави на кого ќе смета за следните два квалификациски натпревари за СП 2026 година.

Станува збор за гостување во Парагвај (14/15 ноември) и домашен дуел со Перу (19/20 ноември).

Од позабележителните отсуства се издвојува голманот Емилијано Мартинез, еден од хероите на СП 2022 во Катар, па веројатно меѓу стативите шанса ќе добие и Херонимо Руљи, голманот на Олимпик Марсеј. Голманот на Астон Вила е суспендиран, поради скандалот што го предизвика на средбата со Колумбија во септември, кога оттурна камерман. 

Уште едно впечатливо име го нема на списокот, а тоа е 30-годишниот ас на Рома, Пауло Дибала. На негово место шанса ќе добие Нико Паз, 20-годишниот играч на Реал Мадрид кој игра на позајмица во Комо.