Меси со спектакл во МЛС: Четири гола и асистенција за историска победа на Интер Мајами! (ВИДЕО)

Лионел Меси повторно покажа дека годините се само бројка. На 39 години, аргентинската суперѕвезда блесна со четири гола и една асистенција во убедливата победа на Интер Мајами над Монтреал од неверојатни 7-1.

Меси го отвори шоуто во 40. минута со мајсторија од слободен удар, а во вториот дел продолжи да ја полни мрежата. Постигна гол по соло-продор, потоа лобуваше за хет-трик, а својот четврти погодок го постигна повторно од слободен удар.

Со овој учинок, Меси стигна до 18 гола и 10 асистенции во сезоната и го презеде врвот на листата за „Златната копачка“ во МЛС ligata, оставајќи го зад себе Петар Муса со 16 гола. Интер Мајами, пак, со седумте гола постави нов клупски рекорд и конечно стави крај на серијата од пет натпревари без победа.