ВИДЕО: Меси со пораз се прости од ПСЖ, култниот Нант се спаси и остана во Лига 1!

Екипата на ПСЖ во натпревар без резултатски притисок со пораз ја заврши сезоната во Лига 1, Од „Паркот на Принцовите“ со победа си замина тимот на Клермон, кој по неверојатен пресврт славеше голема победа на ѕвездениот тим на Галтие (2-3). Ова беше последен натпревар за Лионел Меси и Серхио Рамос во дресот на ПСЖ, тим кој летово сигурно ќе претрпе уште неколку сериозни промени.

  • ПСЖ - Клермон 2-3:

Парижани одлично отворија и со головите на Мбапе и Рамос поведоа со 2-0, но потоа нивната игра се распадна и гостите изненадувачки со три врзни гола впишаа историска победа од 2-3. 

Ако во Париз се играше за престиж, во Нант домашниот тим забележа клучна победа над Анже и остана во елитата на францускиот фудбал (1-0). Јунак на култниот клуб од Франција беше Ганаго во 16. минута. Со оваа победа Нант обезбеди опстанок во Лига 1, додека во второлигашкото друштво патува тимот на Оксер.

Херојска победа извојува и тимот на Рен, кој со 1-2 славеше во Брест и го искористи киксот на Лил (1-1 против Троа) и така заврши на четвртата позиција на табелата, која што носи учество во Лигата на Европа.

Состави

Луис Енрике

3-4-3

    Pascal Gastien

    3-4-2-1