ВИДЕО: Меси со НЕСПОРТСКИ ЧИН, не сакаше да се ракува со судијата

Меси Чакир

Аргентинецот Лионел Меси одново беше главна фигура во победата на Барселона против Наполи, која за неговата екипа значеше пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Мечот изобилуваше со шанси, на крај беа постигнати четири гола, а во неколку наврати во центарот на вниманието беше судијата Чунејт Чакир. Турскиот арбитар му поништи погодок на голгетерот на домашниот тим поради игра со рака.

Незадоволството од овој потег кај Меси можеше да се забележи по крајот на натпреварот кога одби да се ракува со судијата.

На завршниот турнир во Лисабон, Барса ќе се соочи со екипата на Баерн Минхен, која го елиминира Челзи на Френк Лампард.