ВИДЕО: Меси со два гола го уништи ДЦ Јунајтед!

Откако се збогува со репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси се врати на теренот во дресот на Интер Мајами и продолжи да одушевува. Aргентинецот постигна два гола во победата од 4-0 против ДЦ Јунајтед. 

Генијалецот веќе стигна до бројката од 23 погодоци во оваа сезона и е лидер во трката за „Златната копачка“ на МЛС лигата. Оваа награда Меси веќе ја освои минатата година. 

  • Извештај од натпреварот:

Меси сега има вкупно 934 погодоци во кариерата. Од нив, 672 постигна за Барселона, 126 за Аргентина, 104 за Интер Мајами и 32 за Пари Сен Жермен.