Меси со асистенцијата за Видал сруши нов рекорд во шпанската Примера

Барселона славеше минимално на гостувањето кај Ваљадолид со раниот погодок на Артуро Видал уште во 15. минута, со што делумно одржа чекор со лидерот Реал Мадрид на врвот од Примера. 

Асистент при погодокот на Видал, беше Лионел Меси кој ја запиша 20-тата асистенција во сезоната. Со тоа, тој го израмни клупскиот рекорд за додавање кое води до гол за една сезона, бидејќи иста бројка имаше и Чави во 2009 година. 

Освен тоа, Меси стана единствен фудбалер во Примера што на своето конто за една сезона запишал најмалку 20 голови и асистенции. Досега, Аргентинецот погоди 22 пати и асистираше 20 пати, па го собори сопствениот рекорд.