• Зоран Мишевски

Големиот Лионел Меси вечерва слави несекојдневен јубилеј. Аргентинецт против Австралија ќе го одигра својот илјадитиот натпревар во кариерата.
Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ има 999 натпревари досега. Од нив 778 ги играл за екипата на Барселона и ПСЖ, а за националниот тим забележа 168 натпревари.
Меси се очекува да стане Аргентинецот со најмногу голови на Светските првенства. Тој досега постигна осум гола за „гаучосите“ на завршните турнири. Ако постигне два гола може да го стигле досега неприкосновениот Габриел Батистута кој е автор десет гола.
Аргентина и Австралија своето полуфинале ќе го одиграат вечерва од 20:00 часот.