Меси можеше да го пропушти Реал: „Судијата сакаше да ми даде жолт“ (ВИДЕО)

Барселона се измачи на домашниот дуел со Ваљадолид и победи со 1-0, откако Дембеле го постигна победоносниот гол во 90. минута. 

Интересна ситуација се случи на полувремето, кога камерите го уловија нерасположениот Лео Меси. Аргентинецот беше лут на судијата бидејќи наводно сакал да му додели жолт картон по секоја цена. „Овој судија сака да ми даде жолт картон, се обидува на сите можни начини. Неверојатно“, рече Меси. 

  • Реакцијата на Меси по завршувањето на првиот дел: 

Ако Аргентинецот заработеше жолт картон, за него ќе беше петти и немаше да биде на располагање на Роналд Куман за натпреварот против Реал Мадрид наредниот викенд. 

Меси на полувремето дури и се пожалил на делегатот за судењето, а ниту во таборот на Ваљадолид не беа среќни за некои спорни одлуки во продолжението.