Меси се збогува со Валверде: Мистер, ќе успееш каде и да одиш...

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, испрати порака до сега екс-тренерот на каталонскиот тим, Ернесто Валверде, кој доби отказ поради слабите неколку резултати во низа оваа сезона.

Валверде доби отказ од управата, а Меси му посака се најдобро и истакна дека верува во неговите квалитети и дека ќе успее каде и да оди.

„Мистер, ти благодарам за се. Сигурен сум дека ќе успееш каде и да одиш, затоа што ти си голем професионалец и одлична личност. Многу среќа во иднина“, гласеше пораката која ја сподели Меси.

Нов тренер на Барселона е 61-годишниот Кике Сетиен, кој последен пат работеше во Бетис. Се работи за стратег кој има искуство само во Шпанија и воедно е последниот тренер кој успеал да победи на „Камп Ноу“ против Барселона.

Валверде пристигна во Барселона во 2017 година, а со тимот успеа да освои две титули во Примера и по една во Купот на Кралот и Суперкупот.