ВИДЕО: Меси се врати во дресот на Интер и веднаш одушеви со мајсторски гол

По три недели Лионел Меси се врати во дресот на Интер Мајами и веднаш постигна гол. Сепак, тоа не се одрази на резултатот на неговиот тим, кој одново не успеа да победи. На натпреварот против Колорадо, Меси ја започна средбата од клупата за резерви, а конечниот резултат на овој меч беше 2-2.

  • Извештај од натпреварот:

Први погодија гостите кои поведоа преку Рафаел Наваро кој погоди од белата точка. Меси не чекаше долго за да ја затресе мрежата на ривалот по враќањето на теренот. Тоа го направи за само десет минути, откако на мајсторски начин го совлада голманот на Колорадо.

  • Голот на Лионел Меси против Колорадо:

Противникот на Интер Мајами влезе во серија грешки по голот на Меси, а тимот во розови дресови дојде до пресврт. И во оваа акција учествуваше Аргентинецот, кој го започна нападот, а голот го постигна Леонард Алфонсо. Но, Колорадо стигна до бод во 88. минута, преку Кол Бесет.