• Горан Упале
Во пресрет на стартот на новата сезона во МЛС екипата на Интер Мајами се соочува со голем проблем – се повреди Лионел Меси. Првата ѕвезда на тимот од Флорида има мускулно истегнување на левиот заден бутен мускул, потврди клубот.
„Меси помина дополнителни тестови кои ја потврдија таа дијагноза, а постепеното враќање на тренинзите ќе зависи од неговиот клинички и функционален напредок во наредните денови“, се вели во официјалното соопштение на клубот.
Повредата на еден од најдобрите фудбалери во историјата доаѓа во незгоден момент за Интер Мајами, затоа што на вратата тропа новата сезона во МЛС. Меси својот последен настап за Мајами го имаше пред неколку дена, на натпреварот против Барселона од Еквадор, на кого беше и стрелец на еден гол.



