• Иван Димовски
Лионел Меси со два гола во второто полувреме го предводеше Интер Мајами до голем пресврт и триумф од 4-2 на гостувањето кај Орландо Сити во МЛС лигата.
Домашниот состав имаше предност и контрола, но кога Аргентинецот презеде одговорност, работите почнаа да се менуваат. Во 57. минута Меси се најде на вистинското место по асистенцијата на Теласко Сеговија и израмни на 2-2, најавувајќи целосен камбек.
- Првиот гол на Меси против Орландо:
Притисокот на Интер Мајами растеше како што одминуваше времето. Во 85. минута Сеговија го комплетираше пресвртот и донесе водство од 3-2, а потоа следуваше моментот на вечерта. Во 90. минута Меси изведе слободен удар на маестрален начин и ја испрати топката зад грбот на противничкиот голман за конечни 4-2.
- Вториот гол на Меси против Орландо:
Ова беа прв и втор гол на Аргентинецот од стартот на новата сезона. Од доаѓањето во МЛС лигата досега Меси во натпреварите од регуларната сезона има 52 погодоци на 55 настапи.




