Меси се израмни со Алвес како најтрофеен, стана и нај-стрелец во најсилните лиги

Фудбалерите на ПСЖ ремизираа на гостувањето кај Стразбур (1-1), во рамките на претпоследното коло на Лига 1. Тоа беше доволно за и математички да се потврди титулата.

Стрелец на единствениот погодок за парижани беше Лионел Меси. Со тоа Аргентинецот стана најдобар стрелец во историјата на најсилните пет лиги во Еврвопа. Ова беше 496 погодок на Меси, надминувајќи го Кристијано Роналдо на оваа вечна листа. 

Покрај тоа, фудбалскиот виртуоз стана и најтрофеен фудбалер на светот. Поточно, Меси ја освои својата 43-та титула и се израмни со Дани Алвес, кој досега самостојно го држеше врвот. Аргентинецот има можност да ги продлабочи двата рекорди, додека ривалите ја немаат таа можност. Алвес повеќе не игра фудбал, а Роналдо настапува во Саудиска Арабија.