Меси сакал да премине во Сити, но Гвардиола го одбил трансферот!

Голем дел од странските медиуми изнесоа интересни и можеби дури шокантни информации за послендата година од престојот на Лионел Меси во Барселона

Кога веќе беше јасно дека аргентинската ѕвезда ќе замине од Шпанија, многу медиуми го поврзуваа со премин во Манчестер Сити, но во книгата „Боже, чувај го Пеп“ од авторот Марти Пернау, пишува дека лично Гвардиола го стопирал трансферот поради поодминатата возраст на Меси. 

„Лионел Меси го контактираше Гвардиола и двајцата разговараа околу можноста за преселба во Манчестер Сити. Шпанскиот стратег организираше вечера во својот дом, каде му предочил на Меси дека играњето кај „граѓаните“ би можел да биде преголем залак за него.

Во тој момент Аргентинецот имаше полни 33 години, а моите информации велат дека без проблем се согласил со одлуката на Гвардиола“, пишува во книгата на Пернау. 

Меси потоа замина во францускиот ПСЖ, каде одигра уште две сезони, по што следуваше трансферот во Интер Мајами. Аргентинската легенда пред само неколку денови повторно се закити со трофејот од Копа Америка.