ФОТО: Меси резерва, избран „дрим-тимот“ на Копа Америка!

Фудбалската селекција на Бразил на доминантен начин го врати пехарот од Копа Америка во своите витрини. 

„Кариоките“ пред својата публика одиграа одличен турнир, а во финалето на рутински начин го совладаа Перу со 3-1. Херој на овој меч беше ѕвездата на Манчестер Сити, Гарбиел Хесус, но изненадувачки за него немаше место во најдобриот тим на Купа Америка. 

Во тимот очекувано доминираат бразилските фудбалери (Алисон, Тиаго Силва, Дани Алвес, Артур и Евертон), двајца има од Перу (Трауко и Гереро), и по еден од Чиле (Видал), Уругвај (Хименез), Колумбија (Родригез) и Аргентина (Паредес). 

За некои можеби е изненадување изоставувањето и на Лео Меси, но според прикажаната игра на овој собир, дефинитивно не заслужи место меѓу најдобрите 11-мина.