ВИДЕО: Меси премоќен за Хетафе, Барса се врати со опции за титулата

Барселона им се врати на победите во Примера, откако десет дена по поразот во „Ел Класико“, славеше против Хетафе со 5-2 (3-1), во последниот натпревар од 32. коло на првенството на Шпанија. Пред почетокот на натпреварот фудбалерите на Хетафе со шпалир го поздравија победникот на Купот на Кралот.

Натпреварот започна одлично за Меси, кој ја здрма пречката од голот на Сориа во третата минута. Пет минути подоцна Бускетс одлично го пронајде Меси во празно, а овој со одлична дијагонала со левата нога го отвори резултатот (1-0). Не се чекаше долго на одговорот на гостите од Мадрид, бидејќи конфузијата во одбраната на Барса ја искористи Анхел и со помош на Ленгле израмни на 1-1.

Кога се чинеше дека Хетафе има контрола, Мароканецот Чакла си даде смешен автогол, враќајќи ја топката до голманот Тер Штеген. Пасот беше пресилен и го изненади голманот на гостите, па топката заврши зад неговиот грб (2-1). Овој примен гол и тоа како влијаеше на Хетафе, бидејќи пред одморот Меси со својот втор гол зголеми на 3-1.

На почетокот од вториот дел Каталонците ја легнаа топката, Мориба го замени Ленгле и натпреварот наликуваше како тренинг за момците на Куман. Но, едно невнимание на Араухо, кој го нагази нововлезениот Енес Унал, донесе пенал за Хетафе, досуеден по прегледувањето на ВАР снимката. Енес Унал го матира Тер Штеген и ја врати неизвесноста. Сепак, дилемите ги разреши Араухо, со гол со глава постигнат по корнерот на Меси (4-2). Во судиското надополнување Чакла го фаулира Гризман во казнениот простор и главниот судија вторпат на натпреварот покажа на белата точка. Меси му го отстапи реализирањето на пеналот на Гризман, а Французинот го матира Сориа за финални 5-2. 

  • Извештај од натпреварот: 

Барса се врати на третото место на тебалата, минувајќи ја Севиља, и ако го добие заостанатиот натпревар против Гранада, ќе скокне и до второто место на табелата.