ВИДЕО: Меси мајсторски во свој стил погоди во ЛШ и се израмни со Пеле

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси им се врати на погодоците во Лигата на шампионите на натпреварот против Клуб Бриж и го подобри голгетерскиот рекорд во елитата.

Голем дел од работата за голот заврши Килијан Мбапе, кој одлично се ослободи од противник на средината на теренот, изведе спринт и го проигра Меси. Аргентинецот ја смири топката и во свој стил од пред шеснаесетникот погоди во мрежата на Бриж.

  • Погодокот на Меси против Клуб Бриж:

За Лионел Меси ова е трет гол во актуелната сезона во Лигата на шампионите. Воедно, ова беше шеснаесетти гол надвор од шеснаесетникот за Меси во 2021 година, што е најмногу во неговата кариера во една календарска година.

Со овој погодок Лионел Меси се изедначи со Пеле, со 757 постигнати голови во кариерата.

Состави

Кристоф Галтие

4-3-3

    Скот Паркет

    3-5-2