• Иван Димовски
Фудбалерите на Интер Мајами го претрпеа првиот пораз во МЛС лигата, на својот „Чејс Стадион“ во Форт Лудердејл од Монтреал Импакт со 2-3 (0-1). Вреди да се напомене дека во средбата од четвртото коло поради повреда не играше Лионел Меси, додека Луис Суарез беше резерва и влезе во вториот дел.
- Извештај од натпреварот:
Што се однесува до натпреварот, водечкиот гол го даде Алварез за Монтреал во 13. минута, а потоа долго време не се менуваше резултатот. Кампања успеа да израмни во 71. меѓутоа во наредните седум Монтреал даде уште два преку Кокаро и Сунуси.
До крајот на мечот Интер Мајами се обиде да се врати резултатски, во пресрет на завршницата стрела Жорди Алба за 2-3. Следеше притисок на домаќинот, меѓутоа немаше доволно време за целосен кам-бек.