Меси потпишува десетгодишен договор според кој ќе игра и во САД!?

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, наводно се согласил на нов договор со каталонскиот гигант и наскоро ќе стави потпис на нова десетгодишна соработка која ќе подразбира и други ангажмани.

Меси моментално има 34 години, а според договорот во Барселона ќе игра до крајот на сезоната 2022/23. Потоа, ќе се пресели во САД, каде две години ќе биде дел од Интер Мајами и ќе замине во пензија. Тимот од МЛС-лигата е во сопственост на Дејвид Бекам и најавува супер-богат проект во иднина во кој ќе играат најголемите европски имиња.

Се тврди дека во преостанатите шест години од договорот, Меси ќе биде амбасадор на Барселона, што ќе му биде прв ангажман по фудбалскиот крај. Од Аргентина тврдат и дека Меси за тие десет години ќе добие вртоглави 240 милиони евра.

Истовремено, се вели дека нов договор е подготвен и за тренерот Роналд Куман.