• Горан Упале

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги објави трите најдобри голови во групата фаза на Лигата на шампионите. Според гласовите на фановите, првото место му припадна на Лионел Меси за неговиот гол во Лисабон на натпреварот од третото коло меѓу Бенфика и Пари Сен Жермен кој заврши нерешено 1-1.
Легендарниот 35-годишен Аргентинец во 22. минута реагираше брилијантно по акцијата со Бразилецот Нејмар и во негов стил ги доведе „светците“ во водство.
Messi's superb curling effort voted Goal of the Group Stage! #UCLGOTGS | @heineken pic.twitter.com/uQcsLMO4lk
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) November 11, 2022
Второто место му припадна на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд за неговиот гол во второто коло против Борусија Дортмунд (2-1). Норвежанецот во стилот на славниот Јохан Кројф им донесе победа на „граѓаните“ во 84. минута. Интересно е што и третото место му припадна на Меси, за голот на натпреварот од петтото коло со израелскиот Макаби (7-2).
Лео Меси оваа сезона одигра 18 натпревари, постигна 12 гола и забележа 14 асистенции во сите натпреварувања.