Меси погоди и уникатно прослави: Голот му го посвети на – Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами славеа во дуелот со Филаделфија Унион (2-1) во натпреварот од МЛС лигата. Тимот од Флорида со победата скокна пак на првата позиција во Источната конференција. 

  • Извештај од натпреварот:

Резултатот го отвори Тејлор во 23. минута, а потоа во 57. вториот погодок беше дело на Лионел Меси. Аргентинецот погоди по асистенција на Луис Суарез, па реши голот да го прослави на уникатен начин. 

Меси откако стрелаше против Филаделфија, во прославата направи потег налик на бекхенд удар и тоа беше посвета за Новак Ѓоковиќ, со кого имаше неколку средби во последните денови. 

  • Потегот при прославата на голот на Меси:

Во завршницата гостинската екипа преку Газдаг успеа да го ублажи поразот (2-1).