ВИДЕО: Меси погоди двапати, Барса со реми кај Еибар ја заокружи Примера

Натпреварот меѓу Еибар и Барселона со кој што се стави крај на уште една сезона во Примера заврши без победник (2-2).

Гостите од поодамна ја прославија шампионската титула, а Лионел Меси ги искористи овие 90 минути за со два нови гола да се одлепи во трката за „Златната копачка“.

  • Извештај од натпреварот: 

Аргентинскиот фудбалер погоди двапати во две минути и направи пресврт откако домаќинот поведе со голот на Кукурела. Во првата минута од надополнувањето Пабло Де Бласис го постави конечниот резултат откако ја казни опуштеноста на гостинскиот голман и ја погоди мрежата од голема далечина.

Остатокот од натпреварот помина без сериозни шанси пред двата гола. И двата тима беа задоволни од одиграното и од освоениот бод.