ВИДЕО: Меси пак стрела против Нешвил, но Интер Мајами ќе игра „мајсторка“

Фудбалерите на Нешвил го совладаа Интер Мајами со 2-1 (2-0) и се изборија за „мајсторка“ во осминафиналето на МЛС лигата. Поведе домаќинот во првиот дел со головите на Суриџ и Бауер со 2-0, а во вториот дел повторно стрелец против овој ривал беше Лионел Меси.

Аргентинецот во 90. минута со одличен удар откосо ги постави конечните 2-1.

  • Извештај од натпреварот:

Ова беше шести погодок на Меси во последните три натпревари против Нешвил, бидејќи екипите освен во плеј-офот, се судрија и во последниот натпревар од регуларната сезона. 

Сега пред екипите е „мајсторка“ за место во четвртфиналето, а тој натпревар се игра на осми ноември.