• Иван Димовски
Магијата на Лионел Меси повторно ги воодушеви фудбалските фанови, откако аргентинската ѕвезда со два погодоци го водеше Интер Мајами до победа на гостувањето кај Колорадо Рапидс (2-3) во МЛС лигата.
Аргентинскиот ас прво во 18. минута реализира пенал за 0-1, а потоа Интер Мајами ја удвои предност. Сепак, Колорадо се врати до 2-2, па одново на сцена мораше да стапи Меси.
Течеше 79. минута кога аргентинскиот фудбалски виртуоз ја доби топката на десната страна, влезе во шеснаесетникот и во свој стил погоди атрактивно во спротивниот агол.
Оваа сезона во МЛС лигата Меси веќе е на седум гола во исто толку натпревари.




