„Меси, па нели треба да ти биде срам?“

Меси

Фудбалерите на Пари Сен Жермен први постигнаа гол, но на крај го загубија дербито против Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола направи пресврт и го потврди првото место во групата.

Гостинската екипа попушти во завршницата и дозволи да прими два гола. Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт упати сериозни критики на сметка на Лионел Меси.

„Меси одвреме-навреме шета на теренот, а јас си мислам во себе, па нели треба да се срами? Почнувам да се разочарувам од него, бидејќи таков играч е прашање дали повторно ќе се роди.

Неговиот пад почна додека играше под Куман во Барселона. Одбивањето да работи не е нешто што треба да биде дел од играч како Меси“, изјави Холанѓанецот.

Петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите донесе единаесет потврдени места во полуфиналето. Останатите пет ќе се одлучуваат на натпреварите на 7 и 8 декември.