Меси откри како синот Матео му се потсмева со кобниот корнер на Ливерпул

Меси Матео

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, во интервју раскажа како неговиот син Матео му се потсмева, кога овој се обидува да го казни поради несоодветно однесување.

Кога малиот Матео заслужува казна, Аргентинецот го испраќа во ќошот, со главата завртена накај ѕидот. Неговиот одговор на тоа се зборовите: „Брзо изведен корнер и гол на Ориги“.

Со тоа тој се обидува да го потсети на тешкиот момент на „Енфилд“, кога Барселона загуби со 4-0, токму со голот на младиот голгетер на Ливерпул.