Меси одигра најдобро кога беше најпотребно и се израмни со Марадона

Меси Марадона

Лионел Меси го постигна првиот погодок кој ја најави победата на Аргентина против Мексико.

Најголемата ѕвезда на аргентинскиот фудбал одигра на посакувано ниво во важен момент за својата репрезентација. Погодокот му овозможи да се израмни со Диего Армандо Марадона. Легендата на аргентинскиот фудбал сега има осум гола на 21 меч на Светските првенство, идентично како и поранешниот лидер на „гаучосите“.

Кога се чинеше дека Аргентинците немаат решение за цврстата одбрана на Мексико, на сцена стапи Меси. Неговиот удар од далечина беше неодбранлив и донесе голема радост на трибините меѓу аргентинските фанови.

Овие три бода ја задржуваат Аргентина во игра за пласман во нокаут фазата на Мундијалот во Катар.

Состави

Лионел Скалони

4-4-2

    Херардо Мартино

    5-3-2