„Меси од следната седмица им се враќа на тимските тренинзи во ПСЖ“

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси следната недела би требало да им се врати на тренинзите на тимот, соопштија од „Паркот на принцовите“. Аргентинецот празниците ги помина во својата татковина, каде што доби позитивен тест на коронавирус.

По неколкудневната изолација, на 5 јануари неговиот тест беше негативен по што се врати во Париз. Сепак, Меси се уште не е подготвен да се приклучи на тимот.

„Лионел Меси, кој успешно заздравува, продолжува да работи со лекарскиот и тренерскиот тим и постепено ќе се враќа на групните тренинзи следната недела“, се вели во соопштението на ПСЖ.

Не е сигурно кога Аргентинецот ќе биде подготвен за натпреварите на лидерот во францускиот шампионат.