ВИДЕО: „Меси од Маракана“ со потег а ла Савиќевиќ ја одушеви Европа

Андрија Максимовиќ има само 17 години и веќе го живее сонот на секое момче кое тренира фудбал. Петтиот професионален натпревар го одигра на „Џузепе Меаца“ против големиот Интер и се снајде одлично на теренот.

„Меси од Маракана“, како што многумина го нарекуваат ова дете, се претстави според планот пред целиот фудбалски свет. Тој доби шанса од првата минута против Интер и покажа што знае против големите ѕвезди. Покажа голема умешност, беше опасен дури и кон противничкиот гол и дефинитивно си ја зголеми цената. Посебно одушеви еден потег „а ла Дејан Савиќевиќ“.

Српскиот шампион веќе доби и одби неколку огромни понуди за Максимовиќ. Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид беа заинтересирани, но се нудеше само 10.000.000 евра и белграѓани експресно ја одбија понудата.

Се верува дека овој играч има капацитет да го направи најскапиот излезен трансфер во историјата на Црвена Звезда. Максимовиќ е меѓу „црвено-белите“ од 2019 година, а како професионален играч беше накратко позајмен на филијалата Графичар.