Меси нема да биде подготвен за гостувањето во Билбао

Лионел Меси

Повредата на првиот тренинг со Барселона би можела да го натера Лионел Меси да го пропушти отворањето на новата сезона во Примера.

Минатогодишниот шампион ќе гостува кај Атлетик Билбао и би можел тоа да го направи без својот најдобар фудбалер. Но, никој не сака да го исклучи Аргентинецот и покрај тоа што нема комплетирано ниту една тренинг сесија со соиграчите.

Овие дена тој работеше одделно од групата, но поради недостатокот на ритам најверојатно нема да патува со екипата на „Сан Мамеш“.

Во негово отсуство, во нападот одлично играат Гризман, Дембеле и Суарез, кои блеснаа на пријателскиот меч против Наполи.

Првото коло од новата сезона за Каталонците е закажано за 16 август во 21:00 часот.