Меси, Нејмар, па Алварез од Шкупи... во Латинска Америка!

Фреди Алварез е моторот на Шкупи веќе втора година во низа и така Костариканецот доби завидно место кога ќе се сумира статистиката на играчите од Латинска Америка.

Имено, Алварез досега во Македонија има 16 асистенции и тоа му носи престижно место на листата на асистенти од Латинска Америка. Пред Алварез на листата на најдобри се само двајца играчи на ПСЖ, тоа се Лионел Меси (21) и Нејмар (19).

Шкупи во моментов е на второто место во ПМФЛ со четири бода заостанување зад лидерот Струга. Со нов тренер од Турција, „гулабите“ ќе се борат да го одбранат домашниот трон.