ВИДЕО: Меси не остана должен и идентично му возврати на Робертсон! 

Лионел Меси одигра натпревар под своите можности на „Енфилд Роуд“, а неговата Барселона забележа неочекувана елиминација од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите. 

„Црвените“ со убедливи 4-0 го совладаа шпанскиот гигант, а овој меч беше одбележан и по неколкуте спорни моменти во кои учествуваше токму аргентинскиот ас. Бекот на Ливерпул, Ендру Робертсон имаше среќа што остана неказнет заради неговото намерно удирање по главата на Меси, но првата ѕвезда на Барса не остана должен на неспортскиот потег на Шкотот и уште во првата прилика на идентичен начин му возврати. За среќа капитенот на Ливерпул, Хендерсон брзо реагираше и ги смири страстите.

  • Ударот на Робертсон: 
  • Ударот на Меси: