Меси: Не мислам на „Златната копачка“, во глава ми е само дебаклот кај Ливерпул...

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е „Златната копачка“ во фудбалот за оваа сезона, но за него ова одличје не значи премногу, затоа што вели дека жали за елиминацијата од Лигата на шампионите.

Барселона посакуваше финале, имаше три гола предност од три гола во првиот меч со Ливерпул, меѓутоа на „Енфилд Роуд“ ѕвездениот тим се распадна, прими четири гола и испадна.

„Искрено, не мислам многу на европската „Златна копачка“. Тоа воопшто не е во мојата глава. Мислам само на она што ни се случи во Ливерпул, во Лигата на шампионите...“, изјави Меси.

Ѕвездата на Барселона ќе има шанса да подигне уште еден трофеј и да ја затвори сезоната во финалето на Купот на Кралот. На шпанско тло, „кулињата“ веќе ја освоија Примера.